Ловочуварската служба на ловното здружение „Ловец“ - Штип во рок од три дена фати двајца ловокрадци. Надлежните од ова здружение информираат дека ловокрадците се фатени во атарите на селата Врсаково и Судиќ, каде поставувале машинки или замки за ловење на прелетен дивеч.
Општина Штип за првпат од Буџетот ќе финансира проекти на невладините организации. Околу еден милион и 30 илјади денари ќе бидат издвоени за финансирање на вкупно седум проекти, кои беа доставени од страна на штипскиот невладин сектор.
Со организирање на полумаратонска трка во должина од 21 километри, како и на 5 и 10 километри, ќе се затвори годинашново, седмо издание на Струмица опен фестивал, сооштија денеска на прес конференција организаторите на трката-ЗСК „Југоисток“ и „Културно забавен живот“ од Струмица.
Се зголемува бројот на семејства кои сакаат да згрижат деца без родители и родителска грижа во Куманово. Според надлежните, ова се должи на националната кампања што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.
Граѓанската платформа „Мрдни со прст“ ги повикува сите граѓани на Република Македонија да се приклучат на акцијата „Нахрани 10.000“, настаните „За сите во нашата заедница, од еден до 100“ и „Размрдај се“, како и фестивалот „АКТО“, што се спроведуваат со поддршка на Платформата.
На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возило и чекање околу 15 до 20 минути, а на останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.
Во ЕУ Инфо центар денеска ќе се одржи дебата и промоција на публикацијата „Невидливо насилство: Стории од редакциите” која се однесува на состојбите во медиумите во Западен Балкан: Дали новинарите и новинарките имаат иднина да се бават со својата работа во редакциите во кои работат?
Организаторите на „Кривопаланечко културно лето 2018“, општина Крива Паланка, Локална установа Градски музеј и организацискиот одбор на „Џојфест“ денеска на прес-конференција најавија богата музичко-сценска програма деновиве и за време на празничните денови следната недела.
Струјата произведена со фотоволтаичните централи ќе се користи за за потребите на ФЕИТ и на факултетот ќе му донесе годишна заштеда од 3.000 до 3.500 евра.
Лозари од Кавадарци преку регионалното здружение „Напредни лозари“ изразуваат разочараност поради игнорантскиот однос на винариите кога е во прашање грозјето од годнашната реколта, а за вечерва во 20.30 часот имаат закажана средба на која ќе се разговара за проблемите околу откупот на винското грозје, цените и начинот на плаќање.