Во општина Берово денеска се одбележа 23 Август, денот на ослободувањето на Берово. Одбележувањето на патронот на градот започна со одржување на традиционалната свечена седница со која претседаваше актуелниот претседателот на Советот на Општина Берово, Јован Матеничарски.
Дваесет и четири крвни единици беа собрани во денешната редовна крводарителска акција, која се реализираше во Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци.
Безбедносната состојба во општина Струмица е релативно добра, но потребно е итно да се зголеми бројот на полицајците во Полициската станица од општа надлежност, бидејќи од потребните 140 сега работат 66 полицајци, оценија членовите на Советот на општина Струмица на денешната тринаесетта седница.
Во основните училишта во Велес во новата учебна 2018/2019 година се запишани 462 првачиња.
Ловочуварската служба на ловното здружение „Ловец“ - Штип во рок од три дена фати двајца ловокрадци. Надлежните од ова здружение информираат дека ловокрадците се фатени во атарите на селата Врсаково и Судиќ, каде поставувале машинки или замки за ловење на прелетен дивеч.
Општина Штип за првпат од Буџетот ќе финансира проекти на невладините организации. Околу еден милион и 30 илјади денари ќе бидат издвоени за финансирање на вкупно седум проекти, кои беа доставени од страна на штипскиот невладин сектор.
Со организирање на полумаратонска трка во должина од 21 километри, како и на 5 и 10 километри, ќе се затвори годинашново, седмо издание на Струмица опен фестивал, сооштија денеска на прес конференција организаторите на трката-ЗСК „Југоисток“ и „Културно забавен живот“ од Струмица.
Се зголемува бројот на семејства кои сакаат да згрижат деца без родители и родителска грижа во Куманово. Според надлежните, ова се должи на националната кампања што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.
Граѓанската платформа „Мрдни со прст“ ги повикува сите граѓани на Република Македонија да се приклучат на акцијата „Нахрани 10.000“, настаните „За сите во нашата заедница, од еден до 100“ и „Размрдај се“, како и фестивалот „АКТО“, што се спроведуваат со поддршка на Платформата.
На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возило и чекање околу 15 до 20 минути, а на останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.