Во Форино и Чегране до крајот на идниот месец ќе бидат отворени два центра за ран детски развој, а ваков капацитет до септември треба да се отвори и во Равен. Планирано е и реновирање на една од градинките во Гостивар.
Непознати сторители оштетиле два споменика во алејата на народните херои во Маврови Анови. Бронзените портрети се искорнати од постаментите и фрлени во непосредна близина.
Поголема грижа за езерото, заштита на еко-системот, но и заедничка битка со дивоградбите на крајбрежјето, најавија првите луѓе на општините Охрид, Струга и Поградец на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро – 21 јуни што денеска заеднички го прославија во Струга.
Трансформација на социјалната заштита во систем по мерка на граѓаните кој ќе им даде поддршка тaму каде што живеат, во нивното природно опкружување и нивната средина, подразбира деинституционализацијата што е еден од клучните реформски зафати на Министерството за труд.
Активистите на Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“ по повод Денот на Охридското Езеро 21 јуни денеска до пратениците во Собранието повторно испратија отворено писмо во кое се бара доследна примена на мораториумот за инфраструктурни проекти на крајбрежјето.
Командантот на Здружената Оперативна команда (ЗОК), Петар Арсовски и началници на секции денеска беа во посета на градоначалникот на Општина Штип, универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Музеите на град Штип и во Ново Село.
Командатот на Здружена оперативна команда бригаден генерал, Павле Арсоски и началниците на секции денеска ќе престојуваат во посета на локалната самоуправа, музејот во Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Ново Село.
Министерот за култура Асаф Адеми вечерва присуствуваше на манифестацијата "Пена име - Моето перо - Mu pen", организирана од Клубот на писателите Јехона е Карадакут - Куманово со мотото „My way“.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска присуствувше на свеченото промовирање на нова генерација дипломци на Машинскиот факултет во Скопје.
На конференцијата се дискутирало за остварените резултати од партнерската програма и понатамошни планови за унапредување на заедничкото партнерство по јулскиот самит на НАТО во однос на подобрување на воените капацитети и интероперативноста.