Проект координаторот Горан Лазаров од Евротинк посочи дека преку стимулирање култура на критичко размислување, плурализам на мислења, демократски вредности и се што е поврзано со медиумската писменост ќе им се овозможи на граѓаните зачувување на правото да имаат различни гледишта при следењето на информациите.
Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов потврди дека Општината е подготвена да отстапи простор за лицата со попреченост кои требаше да бидат сместени во неготинското село Темјаник.
Полицијата и семејството ја пронајдоа 66-годишната Јагода Серафимовска од Куманово во околината на село Режановце, соопштија членови на семејството, кои претходно побараа помош од граѓаните за пронаоѓање на жената.
Шеснаесет млади од Македонија, Италија, Словенија и Шпанија во наредните три дена на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ во рамки на Еразмус+ програмата ќе дебатираат и ќе учат од универзитетските професори како да ги развиваат вештините за вработување и водење бизнис.
УКИМ во најавата на двете меѓународни манифестации ја посочува нивната голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет.
Новата платформа за паркирање на возила, која се гради над коритото на реката Отиња, кај Трговскиот центар во Штип ќе биде изградена за еден месец, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Општина Гевгелија, според последниот извештај на Центарот за вработување, се уште според бројот на жителите е меѓу општините во земјава со најмала стапка на невработеност.
Над просечното ниво за јуни се водостоите на поголем дел од реките во Македонија, а кај езерата над дозволениот максимум се Охридското Езеро со 11 саниметри и Дојранското Езеро со девет сантиметри.
Со поставување камен темелник денеска ќе почне изградбата на заедничкиот граничен премин меѓу Македонија и Косово „Белановце – Станчиќ”.
Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски од денеска до 15 мај, ќе биде во работна посета на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, во рамки на партнерската програма за соработка.