По повод 75 години од трагичната смрт на големиот македонски книжевен деец и активист Коста Солев Рацин (1908 - 1943) на Лопушник, ПЕД „Ендорфин" и ПСД „Бистра" од Кичево го организираат Дваесет и вториот меморијален планинарски марш.
Дванаесет основни и осум средни училишта се наградени за најуспешни истражувачки проекти во рамки на Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој беше отворен од 31 ноември лани до 15 февруари годинава.
Во Неготино, за децата и младите до 18-годишна возраст со пречки во развојот, не постои и не се планира дневен центар, недостигаат логопеди и дефектолози, нема патронажна служба за помош и поддршка, многу од лековите не се на позитивната листа, а дел од потребната опрема не може да се набави преку Фондот за здравство.
Волонтерите од кумановскиот Црвен Крст, во соработка со здружението „Мерхамат“ поделија 300 прехрамбени пакети за социјално ранливите категории граѓани од општините Куманово и Липково по повод верскиот празник, Рамазан Бајрам.
До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово - 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4 и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР.
Локалната акциска група „Бојмија“ која неодамна беше формирана од општините од југоисточниот регион, во Богданци ја одржа првата работилница за усогласување на стратегијата за рурален развој со националните политики и програми на ИПА механизмот.
Машките обредни поворки за русалиите, презентирани преку слика, збор и оро, вечер ќе бидат претставени пред гевгелиската публика во рамки на проектот „Русалија ќе одум“ на Никола Арнаудов и Антонио Стојчевски од музичко балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј“ од Скопје.
Од денеска до 9-ти јули годинава сите кои сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови ќе може да аплицираат за добивање средства преку „Програмата за рибарство и аквакултура“ .
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола ја одржа 13. роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија кои годинава разговараа на тема „Моите емотивни изблици преточени во збор“.
Околу 240 пензионери од градовите од Македонија, Србија и Бугарија учествуваат на третата меѓународна манифестација „Пензионерите пеат“ што се одржува денеска во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, информираше претседателот на кумановското здружение, Спирко Николовски.