Русалиите се историја што не се чита, но се гледа и се доживува, бидејќи ние сме живо културно наследство.
Инструментот ќе може да измери колкав е реалниот импакт на граѓанскиот сектор во продуцирање позитивни општествени промени, дали нивните експертизи и инпути се широко пречекани од институциите во креирањето стратегии во различни сфери и дали се перципирани како сојузници.
Ловното друштво „Церн Камен” од Вевчани во последниот месец дена интезивно работи на изградба на размножувалиште на дива свиња во периодот на ловостој.
Група ловџии од ловното друштво „Церн Камен” од Вевчани спасија мечка која беше фатена во замка. Животното беше заплеткано во жичана сајла во шумата над селото и ако не ја пронајдеа, најверојатно ќе угинеше.
Во секторот земјоделство се работи напорно и за плата од 10 евра по час бруто, што за поголемиот дел Германци е многу ниска плата, така што тие се незаинтересирани за така напорна, а слабо платена работа.
На 5 јуни 2001 година, Коле е убиен од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре, заедно со неговиот старешина, водникот Исак Руфати. Беа пречекани во заседа и изрешетани во военото „пик-ап“ возило со кое носеле храна до своите колеги на Шар Планина.
Битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци се тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус, кои во двојна заседа загинаа на 5 јуни 2001 година во близина на селото Гајре, на раскрсницата од патот за Шипковица, во долината на реката Пена.
Годинава за лозарството ќе биде плодна. Грозје има многу, а се најавуваат и доста побарувања, истакнаа градоначалниците на Кавадарци, Росоман и Неготино по денешната средба со инистерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Општина Штип прави анализа за воведување јавен градски превоз. Се собираат информации од општините, каде што веќе функционира. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочвраски вели дека имаат неколку решенија за воведувањето на јавниот градски превоз.
Општина Тетово поседува човечки и институционални капцитети за подготовка на проекти со кои би се добиле средства од ИПА 2 програмата на Европската Унија но сепак мора да се работи на надградување на човечките капацитети и зголемување на соработката со невладиниот сектор.