Охрид денеска ќе мине во знак на спортот, дружењето и рекреацијата во рамки на најголемата и најмасовната спортска манифестација „Охрид трчаТ 2018“.
Прекуграничните проекти што се реализираа изминативе години во Куманово ги опфатија, младите, бизнисмените, лицата со попреченост, ги поврзаа институциите и установите со соседна Бугарија, претежно со Ќустендил и Дупница.
Контрола на квалитет на произведените матици и нивно бележење, ставање на матици во транспортни кафези и вежба за проверка на стекнатите практични знаења: пресадување на ларви за производство на матична млеч и матици, работеа денеска триесет кривопаланечки пчелари на едукативна теренска работилница на пчеларник во село Лозаново.
Европа со своите специфични континентални вредности, секуларноста како уставно начело и веронауката, односно религиозното образование во Европа со аспект на практиката во Македонија, беа тема на дискусија во рамки на Научната средба.
Кавадарци ќе добие нов кружен тек на крстосницата на улицата „Блажо Алексов“ со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“.
Владата денеска соопшти дека го поздравува заклучокот на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) да им препорача на сите градоначалници да започнат да ја применуваат Алатката за отчетност.
Томе Главчев, сопственик на македонската текстилна компанија НОЕЛ, е избран за бизнис личност во Југоисточна Европа, според одлуката на жирито составено од универзитетски професори и стопанственици во регионот.
Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, грешките се непромислени и ненамерни бидејќи во голем дел од ситуациите тие се направени првпат или не се направени свесно.
Без проблем ја најдовме улицата „Табелион“ број 31 во Брисел на која е лоциран ресторанот „Чез аугуста“. А таму, нешто по 19 часот, веќе сите маси беа подготвени. Во заднина, тивко, се слушаше македонска традиционална музика.
„Џифони фестивалот Македонија“ допатува и во Велес. Во салата „Бели мугри“ во Велес едно саботно мајско претпладне беше темно и тивко, додека на големото бело платно се проектираше филм наменет за ученици.