Реконструкцијата на патот Гостивар - Кичево треба да заврши до крајот на август годинава, а на патот кон Тетово наредните 20 дена, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Претставување на визијата за Шар Планина 2038 година како и формирање на прекугранично советодавно тело за регионот Шар Планина - Кораб - Коритник, што се протега во Македонија, Албанија и Косово беа главните цели на денешната конференција.
Штипската Клиничка болница денеска ги доби двете нови амбулантни возила преку Програмата Грасрут проекти за човечка безбедност.
Кумановската полиција и секторот за инспекциски надзор и животна средина денеска на средба со угостителите и станбените домари од Куманово потсетија на почитување на законските одредби во пресрет на летниот период кога во Куманово е зголемена фрекфенција на луѓе.
Механизација на јавното претпријатие „Македонија пат“ денеска започна градежни работи за реконструкција на регионалниот патен правец Виница-Делчево преку село Бигла со должина од седум километри.
Меморијален комплекс посветен на споменот на француските војници кои се бореле на Македонскиот фронт, како и на локалното население кое ја доживеало Првата светска војна, заедно со нив, денеска е отворен на Француските воени гробишта во Битола.
Македонија досега има заштитено само еден традиционален производ со ознака за квалитет - охридската чреша.
Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат речиси двојно намалени водостои во однос на просекот за мај на Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Црна Река кај Новаци, а намалување има и на Брегалница кај Берово и на Вардар кај Демир Капија.
Да се врати логото на „Фени индустри” кое беше поставено пред општинската зграда бидејќи компанијата беше најголем донатор при реконструкцијата на кавадаречкиот плоштад, побара советникот Блаже Тасев на седница на Советот на општина Кавадарци.
Се бараат соодветни одредби за традиционално производство и рурален туризам, затоа што целокупниот туризам не функционира под исти услови, беше речено меѓу другото во Росоман, на средба на заинтересирани претставници за развој на туризмот во селата од Вардарскиот регион.