Со четири настани од денеска до 1 јуни Фото-киноклуб „Козјак“ од Куманово ќе одбележи 70 години од основањето во 1948 година.
Од СВР Тетово предупредуваат на опасности за избувнување пожари во Полошкиот регион, кој изобилува со бујна вегетација, во пресрет на летните месеци и очекуваните високи температури.
Од 20 до 100 процентни се оштетувањата на земјоделските имоти од градот кој падна пред неколку дена во Росоманско.
Нивото на Охридско Езеро е 18 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека на Дојранското 15 сантиметри.
Советот на општина Гевгелија, на вонредна седница синоќа, донесе едногласна одлука за издвојување на 600.000 денари од буџетот на општината за што побрзо префрлање на телото на починатиот доктор и алпинист Георги Петков од Катманду во Гевгелија.
Штипјанецот Дејан Митров е еден од најискусните пеливани. Со борењето другарува 18 години. Вели дека честа и докажувањето се пред наградите, а најважно е дружењето со другите пеливани од Македонија.
Во компанијата ОКТА денеска ќе биде презентиран иновативниот проект за пренамена на нафтениот отпад во плодно земјиште, спроведен од компанијата и Факултетот за земјоделски науки и храна.
Во рамките од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Македонија, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на два нови проекта.
Од почетокот на новата учебна година во училишта во Југоисточниот регион учениците ќе имаат можност да го изучуваат италијанскиот јазик како втор изборен.
Колку фирми ќе учествуваат во електронското надавање за изработка на студија за оценка на влијание врз животната средина за изградба на брана на реката Отиња, ќе се знае в четврток, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.