Субвенции ќе се даваат се до потрошување на предвидените средства од буџетот. Средствата што ќе ги надоместува општината се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице
Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип се уште работат на анализите по вчерашното пријавено масовно труење на осуммина свадбари.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленување и уништување на околу 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки, пирошки, јајца).
Во околината на Велес по првомајскиот излет во природа исчистени се рекреативните центри покрај реката Бабуна и крајбержјето на езерото „Младост“, како и летниковците за одмор и пешачките патеки покрај езерото.
Министерот без ресор Аксел Ахмедовски денеска беше во работна посета на Неготино и имаше средба со неготинскиот градоначалник Тони Делков.
Повеќе од 400 земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, досега доставиле барања за субвенции во Подрачнатата единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) го објави повикот за изразување интерес за учество на тендер за консултантски услуги за Физибилити студии за консолидација на земјиште во 12 консолидациски области во Македонија.
Штип денеска одбележува 17 години од загинувањето на македонските бранители Влатко Петров и Димитар Двојаковски, кои животите ги загубија кај Ваксинце во конфликтот во 2001 година.
Општина Штип заедно со невладиниот сектор почна да ја изготвува стратегијата за локален економски развој од 2018 до 2023 година.
Охридското Езеро и Студенчишкото блато претставуваат природно богатство со огромен потенцијал. Прекрасната околина е скапоцен камен што мора соодветно да се вреднува.