Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе ја одржи завршната показна вежба во рамки на обуката и тренинг вежбата за спасување на планина „Попова Шапка 2018“.
Вработените во приелпската наменска фабрика „Еурокомпозит“ и денеска излегоа на протест и на блокада на патот Прилеп- Градско на излезот од градот.
– Амбасадодорот на САД во РМ ја поздрави соработката помеѓу градоначалникот на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството во Советот од СДСМ. Вака рече денеска по средбата со него, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, запрашан како Џес Бејли ја искоментирал политичката состојба во општината.
Македонија не знае колку кучиња скитници има, ниту располага со точна бројка на миленици. Општините, во чија надлежност се уличните кучиња, допрва ќе учат како да ги пребројуваат и допрва ќе формираат прифатилишта или ќе склучуваат договори со шинтерски служби.
В.д. директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска соопшти дека е казнет пријавениот инспектор кој несовесно и непрофесионално постапувал при контрола во угостителски објект.
Снежните врнежи и натаму го отежнуваат сообраќајот кој се одвива со забрани за товарни возила на дел од патиштата, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
Советникот од Алијансата за Албанците, Орхан Гафури, тврди дека денеска гласал против поставување на споменикот на Ќосето во Сопиште. Тој бара одржување на нова седница на која, како што вели, ќе гласа против. Вели дека крајниот резултат од гласањето е манипулација.
Учесниците ќе се движат по улицата „Јане Сандански“ кон хотел „Ројал“, па преку Кејот „Македонија“ ќе се упатат кон Градскиот плоштад каде ќе се дели едукативно-информативен материјал за ретките болести.
Советот на општина Сопиште на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука со која бара од донаторот на спомен обележјето Андон Ќосето да се согласи да го отстапи на општина Сопиште и да биде поставен на територијата на општина Сопиште.
Македонија е земја со неискористени рурални капацитети. Европската унија преку проект ќе се обиде да ги задржи младите во селата. Имаат за цел градење на капацитетите за да станат фактор во креирањето на локалните политики.