Седмиот „Струмица опен фестивал“ ќе се одржува од 10-ти до 19 август, соопштија денеска на прес-конференција организаторите на фестивалот - Здружението „Културно-забавен живот“ заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски.
Силна политичка волја, градење ефикасни и транспарентни институции и нивна финансиска независност, јакнење на административните капацитети, но и силно граѓанско општество кое ќе ги следи состојбите и ќе биде подготвено да реагира.
„Младост е да уживаш во летните авантури, лудост е тие да прекинат зад воланот!“ е пораката од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) до младите возачи.
Информативен настан за советодавни служби и услуги во земјоделството ќе се одржи денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).
Со отворањето на инфо-центарот, туристите ќе можат на едно место да добијат информации за параглајдерство, за достапните тури за авантуристички туризам, туристички водичи, информации за сместувачките капацитети во градот и останатите активности кои се достапни во Крушево.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод смртта на Перо Ивановски – Тиквар, упати телеграма со сочувство до Сојузот на Борците на Република Македонија.
Електрани на Македонија ќе додели пет стипендии на студенти од Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ова е договорено денеска во рамки на потпишаниот договор за соработка меѓу двете институции.
Советот на општина Дебар на денешната осма редовна седница даде согласност за основање регионална депонија и потребната инфраструкутра за југозападниот плански регион, а поради недостиг на финансии тоа и го доверува на Владата.
Градење позитивен однос полиција-сопственици на угостителски објекти во рамките на проактивниот пристап на работа на полицијата во заедницата и под мотото „Почитување на законите“, денеска во Струмица се одржа заеднички состанок на претставници на СВР Струмица и угостители.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска престојуваше во Дебар, каде оставри средба со градоначалникот Ружди Љата, а ги посети кол центарот „Слајс“ и „Дебарски Бањи-Цапа“.