Во дневните весници „Вечер“ и „Нова Македонија“ денеска е објавен оглас за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, а ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање.
Референдум во Дојран ќе има на 23 јули кога жителите ќе се изјаснуваат дали се за или против отворање рудници на територијата на општината, одлучи синоќа општинскиот Совет.
Жителите на Струга го продолжуваат својот протест, бидејќи уште не е пронајдено решение за илегалната депонија која секојдневно ги гуши.
Повеќе од 98 проценти од граѓаните кои гласале на референдумот во Општина Богданци, се изјасниле против работата на рудникот Казандол.
Граѓаните на оштина Богданци денесака на референдум треба да се изјаснат дали се за или против изградбата на рудникот за бакар „Казандол“ и за отворање на рудници на територијата на општината.
На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на 18 јуни, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.
Поради обилните врнежи од дожд по 17:00 часот попладнево кај селото Порој се излеа Поројска река, а наносите од кал, камења и вода предизвикаа целосен прекин на сообраќајот во двете насоки по регионалниот пат Тетово – Граничен премин Јажинце.
Потребна ќе биде перманентна дезинфекција на водата. Дотогаш, пред користење, треба да се преврива, препорачуваат надлежните.
Земјоделците од регионот на Источна Македонија ја завршија сеидбата на оризовата култура во оптималниот временски период.
Во Струмица изминатите 24 часа наврнале 71 литар на метар квадратен воден талог, соопшти УХМР.