Во телевизиското интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за емисијата “Што не е јасно” за Алфа изрази зачуденост од тврдењата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека ВМРО-ДПМНЕ вршеле притисоци да не се гласа за Законот за ЈО.
Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во интервју за Телевизија Алфа, потенцираше дека брзањето за носењето на Законот за ЈО од страна на власта е единствено само за спас на Зоран Заев од неговите криминали.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при гостување во емисијата што не е јасно истакна дека на македонската јавност и е јасно дека главниот обвинител Љубомир Јовески е ставен целосно во функција на власта.
Неуставниот Закон за Јавно обвинителство му е важен на Заев заради членот 110 преку кој се амнестира за сите сторени криминали
Тој рече дека денеска за разлика од нивните противници, имаат единствено право да размислуваат за коалиции со албанските партии, посебно пред избори, затоа што, како што наведе тој, тоа е многу природно и нормално.
Она на што се посветуваме, она што го ветуваме пред вас граѓаните е тоа дека со многу работа, со многу труд без воопшто да се штедиме ќе ја донесеме обновата после 12-ти април во државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук реагираше на, според него, криминалното носење на Законот за Јавно обвинителство.
-Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и поранешни пратеници, генерално осомничени или веќе обвинети луѓе, вршат притисок врз пратениците. Имав збор од 80 пратеници дека ќе го поддржат и затоа законот беше пуштен. Имав збор, но тоа што се случува е вистинска драма , вели Заев.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот фејсбук профил ја искоментира ситуацијата со процедурата за Законот за Јавно обвинителство. Јанушев нагласи дека како што дошле на власт така и ќе се заминат - со фалсификат.
Сакаме да потенцираме дека ДУИ нема ниту морално ниту политичко право по два основи да го поставува ова прашање.