Пратеникот Илија Димовски на неговиот Фејсбук профил предложи нова локација за изградба на новиот Клинички центар, кој владата одлучи наместо на предвиденото место (каде што се наоѓа постоечкиот), да го гради во Бардовци. Според Димовски, ако веќе се менува локацијата, Петровец е многу подобро решение.
Христијан Мицкоски да не бега од јавноста повеќе од десет дена, криејќи се зад социјалните мрежи, туку да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога тој раководел со АД ЕЛЕМ.
После еуфоричното најавување на зголемувањето на просечната исплатена нето плата во првиот месец од 2018-тата година, демантот стигна веќе во следниот месец а тоа е вториот месец од 2018-тата година, каде што просечно исплатената нето плата доживува екстремен пад.
Колумна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски за дневниот весник Независен
Граѓаните очекуваат конкретни мерки и проекти, а не еуфорични прес конференции. Зоран Заев и картелот на власт ја влошија бизнис климата во државата и ги дестимулираа инвеститорите.
На 24.04.2018 година во 12.00 во Полициската станица Струга, од страна на З.С. било пријавено оштетување на врата од канцеларијата на политичка партија лоцирана на улицата „Славеј Планина“.
Градоначалничката на општина Битола конечно после 4 месеци молк се одважи да присуствува на една седница на Советот на општина Битола.
ВМРО-ДПМНЕ очајно продолжува да шири лажни вести преку кои продолжува да глуми загриженост за граѓаните, истите граѓани кои 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше единствено за да се остварат нечии криминални интереси.
Лицемерно, дрско и несериозно e ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто со 11 годишното криминално, коруптивно и расипничко владеење, граѓаните ги задолжи и ги осиромаши, денес да зборува за враќањето истите тие долгови.
Со цел да ги убедат колегите од владејачкото мнозинство да гласаат за нивниот предлог, пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која повторно најави дека ќе поднесат Предлог-закон за намалување на акцизата на дизел горивото.