Тој вели дека како премиер со владата на ВМРО-ДПМНЕ придонеле многу за домашните компании со повеќе проекти како регулаторната гилотина со што се намалиле административните трошоци и непотребните процедури во институциите.
Доста кукате, на избори кажавте дека имате план за живот, вели пратеникот Илија Димовски обраќајќи им се на пратениците од владејачката партија.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вечерва се обрати на седницата во Собранието на која на дневен ред е интерпелацијата на Владата предводена од СДСМ.
Зголемувајте даноци, бадијала ви е, пак нема да ги реализирате проекциите за бруто домашен производ. Оваа влада е сконцентрирана на една тема, но што ќе правиме ако не успеете во неа.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија од собраниската говорница на денешната седница за гласање недоверба на владата истакна дека денеска не требало да се случи интерпелација на владата туку да има колективна оставка на членовите на владата.
Таа посочи дека пензинерите во Македонија останаа излажани. За време на ВМРО-ДПМНЕ, потсети Лашкоска, пензиите постојано се зголемуваа, за разлика од сега кога интересите на пензионерите се заборавени од владата на СДСМ.
Обвини дека во последните 10 месеци без работа останале околу 10.000 луѓе, а на нивните места се вработени 13.000 луѓе најголем дел, како што рече, од Шарената револуција.
Фросина Ташевска-Ременски од СДСМ посочи дека опозицијата не зборува за факти туку, како што рече, се уште живеат во време на стари факти кои важеа за периодот додека беше владата на ВМРО-ДПМНЕ, а креатор на политиките беше Никола Груевски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини за отпуштања, немање инвестиции, корумптивни скандали, убиства, запалени возила...Тие сметаат дека луѓето не се чувствуваат безбедно во Македонија.
На денешната расправа во Собранието за интерпелација на владата, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова на упатената реплика до Фросина Ременски, истакна дека заради неспособното владеење на владата на СДСМ, граѓаните во Македонија не се чувствуваат безбедни.