Тој прочита цитат на Богоевски, каде што кажал: „Најдете доказ, ако Заев заговара двојазичност, јас ќе се повлечам од функцијата“. Стевананџија му рече на Богоевски да се казни самиот себеси и да се повлече од функцијата.
Пратеникот Павле Богоевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не личи на сериозна партија, а прави чекори, кои, според него, не ги прават ниту малите деца.
Алијансата за Албанците на гласањето за доверба на Владата ќе гласа „воздржано изјави Зијадин Села. Тој додаде дека премиерот Зоран Заев не ја заслужува поддршката за доверба.
Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ негираше дека ВМРО-ДПМНЕ се албанофоби и го праша како тоа не го кажал кога на локалните избори ВМРО-ДПМНЕја поддржале ДУИ во некои градови.
Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ истакна дека на Македонија не и се заканува никаква опасност од албанскиот јазик и од рамноправни граѓани Албанци.
Јовановски рече дека очекувал од Заев барем да се извини за 180-те илјади евра трошоци за министрите. Кажа дека оваа Влада не треба да го прави тоа што го правела претходната, што владејачката мнозинство ја критикува.
Заев, одговарајќи на обвинувањата на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски, кажа дека ова е конструктивна дебата и треба да биде коректив на власта, бенефит што граѓаните го добиваат кога опозицијата е активна во Парламентот.
Претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски во Брисел денес разговараше со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, само на неколку дена пред објавата на Извештајот на Европската Унија за напредокот на Република Македонија.
Невенка Стаменковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието говореше за лошите политики на Владата кон странските инвестиции, поради што три компании се откажале од инвестирање во државата.
ВМРО-ДПМНЕ преку Владата на Република Македонија уште во 2011 година почна процедура за донесување на закон за млади но поради политички причини таквиот не бил донесен рече денеска претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски.