СДСМ предизборно ги изманипулира стечајците. СДСМ вети решавање на проблемот на стечајците во првите 6 месеци по доаѓање на власт. Помина скоро една година, а проблемот на стечајните работници се уште не е решен.
Помина времето кога преку лажен патриотизам се создаваа тензии меѓу граѓаните, тој концепт што создаде поделена и заробена држава е поразен.
Владејачкото мнозинство на сила и без почитување на правото на амандманска расправа го донесе неуставниот закон за двојазичност, кршејќи го Уставот, законот и Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски се огласи на социјалните мрежи по последните случувања во државата. Мисајловски вели дека за само една година Македонија станува земја со најслаба демократија, економија и прогрес и токму поради тоа мора да има промени.
Непознат сторител синоќа со камења и парчиња од бекатон плочки скршил три стакла од просторијата на седиштето на општинската организација на политичката партија СДСМ во Гостивар, лоцирана на улицата „Илинденска“.
Усвоените измени на Законот за стечајци го прошируваат опфатот на лица кои ќе добиваат месечен надоместок со што се решава долгогодишниот проблем на околу 5.000 стечајци .
СДСМ ја погази демократијата, Уставот и законите, само за да изгласа закон со кој се надеваат дека ќе обезбедат поддршка за одржување на неспособната влада. Не ги загрижува тоа што цената од неуставниот, неприменлив и штетен закон ја плаќаат граѓаните и државата.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да го напуштат минатото и политиките на поделби и конфликти коишто граѓаните ги поразија на последните неколку изборни циклуси.
Во гостувањето во вестите на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ застанува позади одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов, за непотпишување на законот за јазиците и дека тоа претставува државнички чекор.
-Тоа е алтернативата, тоа е сонот на многу граѓани, а не понижена, омаловажена и со поднаведната кичма што сега е реална ситуацијата во Република Македонија, констатираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.