Јас воопшто не се плашам. За ваша информација, изминатите два дена заради тоа што не бев во можност да се вратам во градот во којшто живеам, престојував во зграда во Скопје и ниту побарав, ниту пак забележав полициско обезбедување во мојата околина.
Програмата којашто целосно ќе се финансира од Буџетот на Република Македонија, обезбедува персонална асистенција за 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или се лица со целосно оштетен вид.
СДСМ и владејачкото мнозинство го погазија правото и ја деградираа правната држава. Власта нелегално го прогласи законот за двојазичност за изгласан, оневозможувајќи ја со закон загарантираната амандманска расправа.
Зоран Заев лаже. Законот е неуставен неприменлив и штетен. Како што ќе минува времето неговата лага ќе стане се поочигледна. Исто како и лагите од предизборието дека двојазичноста била само во главите на вмровците.
Секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, треба да ја има слободата своите права и економски интереси да ги остварува на мајчиниот јазик, односно да комуницира со институциите на системот на јазикот што најдобро го зборува и разбира.
Срамната насловна страница на „Слободен печат“ е уште еден доказ за нивото на кое се спушти новинарството и дел од медиумите кои го поддржуваат и се чувствуваат охрабрени од Зоран Заев и владеачката гарнитура.
По денешното рочиште за случајот „Тенк“, кое заврши за половина час, експремиерот Никола Груевски излегувајќи од судот, си купи ѓеврече и јогурт од продавачот пред Судската палата, а потоа застана да се слика со минувачите.
Наместо да го осуди насилството што се случи во Собранието Ѓорѓе Иванов продолжува со неговите политики на поделби, раздор и конфликт.
Денешниот ден е срам за Република Македонија и нејзините граѓани. ВМРО ДПМНЕ ќе инсистира на кривична одговорност на инспираторите и реализаторите на ова сценарио и ќе бара поништување на законот.