На средбата станува збор за интегрирањето на Република Македонија во рамките на Европската Унија. Говоревме за реформите и реформските процеси кои што би требале да се случат во Република Македонија но за жал нивното случување заостанува.
Президиумот на политичката партија Левица, на својата седница одржана на 26 јануари 2018 година, донесе одлука за изрекување мерка замрзнување на членството на Бранимир Јовановиќ.
Еден од основните постулати на Европската Унија и НАТО е владеењето на правото. Македонија не може да напредува во евро-атланските интеграции се додека е заробена држава во која е укинато владеењето на правото.
Прашањето за името сигурно ќе биде една од темите на која лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе разговара со највисоките европски авторитети во Брисел.
Aмандмани поднесени на законот за двојазичност беа расфрлани околу Собранието. Тоа е факт кој го виде целокупната јавност. Ниту СДСМ ниту владејачкото мнозинство може да избегаат од тој факт со какви било манипулации.
ВМРО-ДПМНЕ параниочно шири лажни вести и конструкции, соочена со неуспехот на сопствените политики на поделби и омраза коишто ги промовира.
Некој од Собраниските служби вчера ги фрли амандманите на ВМРО-ДПМНЕ поднесени во врска со неуставниот закон за двојазичност.
Покачувањето на цената на водата ќе биде најголем удар врз најсиромашните. Доколку се реализираат намерите на СДСМ, граѓаните на годишно ниво, ќе мора да одвојуваат пари и за 13 сметка.
Никој од учесниците не сакаше да изнесе детали за предлогот на Нимиц, за тоа дали е прифатлив и дали постои усогласенот меѓу политичките субјекти. Најавија уште вакви средби за координирање на ставовите за решавање на спорот со името.
Македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, по дваесет и седум години независна и самостојна Македонија, се соочуваат со национален проблем од историски димензии, со многу непознати и со огромна одговорност за иднината на државата.