Говорот на претседателот Ѓорге Иванов е оксиморон, и доколку го ставиме на полиграф ќе изгледа шашаво за да се дефинира што е суштината и што се пораките, рече Артан Груби од владејачката ДУИ
После денешното обраќање на човекот што извршува една од одговорните функции, Претседател на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов денеска не останува ништо освен да изразиме жалење што не успеавме да слушнеме надминување на реториката наметната од ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и новоизбраниот претедател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковки денеска во Владата ќе ја имаат првата лидерска средба по која ќе бидат дефинирани следните чекори на опозициската партија.
Говорот на Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, пред пратениците, наместо сплотеност, единство и владеење на правото, повеќе беше во функција на заштита на тие што го кршеа Уставот и законите и ја загрозуваа безбедноста на државата.
Новата управа на ЈП Водовод од работа избрка 26 вработени во оваа претпријатие. Причините кои се наведуваат во отказните решенија се банални изговори и се алиби за политичкиот реваншизам кој го спроведува оваа власт.
Премиерот Зоран Заев, по најавата од лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, дека по донесување на законот за употреба на јазиците оваа партија ќе ја напушти владината коалиција, вели дека очекува продолжување на соработката за рефорите во државата.
Илија Димовски, досегашниот координатор на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ во парламентот, вчера на свое барање се повлекол од таа позиција, потврдуваат за Дojче веле.
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска дојде на судењето за случајот Траекторија, но тој беше одложен за 31. јануари.
Десетици учесници во настаните од 27-ми април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи
Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изврши примопредавање на кабинетот на новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.