Антонио Милошоски нема да учествува на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово. Тој за „Макфакс“ вели дека станува збор за лично негова одлука, независно од останатите потписници на иницијативата за одложување на конгресот.
ВМРО-ДПМНЕ го најави 16-тиот партиски Конгрес кој ќе де оддржи во Валандово. Денеска, од 17 часот до 19 часот ќе се изврши регистрација на делегати. Додека од 19 часот ќе започне Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, при што Конгресот ќе продолжи со својата работа на 23.12.2017 со почеток од 11 часот.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги потврди точките кои ќе се дискутираат на претстојниот вонреден Конгрес кој треба да се одржи денеска и утре во Валандово, велат од партијата преку соопштение.
Делото тероризам кое им се става на товар на десетиците македонски патриоти е политичка конструкција. Целиот случај за наводен тероризам е монтиран за потребите на хунтата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со својот 20 години стар автомобил „Фиат Пунто“ го предводи протестниот конвој од автомобили во знак на поддршка на притворените патриоти.
Димовски изјави дека останува во ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе продолжи јасно да зборува за концептот, кој, како што рече, верува дека партијата и нејзините членови го заслужуваат.
Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, е единствен кандидат за нов претседател на партијата на вонредниот конгрес што ќе се одржи денеска и утре во Валандово.
Остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се местат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата за Албанците и бараме да го водиме министерството за здравство, рече , Зијадин Села по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев.
Во Владата на РМ се одржува средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, по која треба да биде познато дали тој ќе остане во владината коалиција.
Додава дека останува посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани.