Кирацовски истакна дека им простил на неговите колеги пратеници за 27 април, но истовремено посочи дека пратениците не смеат да се ставаат во улога на обвинители и судии и не смеат да попречуваат судски постапки.
Одлуките на судот за изрекување притвори за уметници, актери, режисери и луѓе кои целиот свој работен век го посветиле на одбрана на државата се целосно неосновани и се одраз на политички реваншизам.
Енергично и во целост ги отфрламе сите небулози, лаги и конструкции кои се истакнати на денешниот брифинг на владата, а кои се однесуваат на наводно несоодветно функционирање на владиниот систем за односи со јавноста во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период.
Додаде и дека верува оти во Македонија мора да има владеење на правото мора да има, но дека истовремено мора да се внимава заради перспективите на државата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека партијата нема да го напушти Собранието, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за судењето за насилството во Општина Центар.
Додека денес и деновиве во Владата се расправа за Закон за амнестија за некои докажани терористи кои направија докажани дела, убиства, за возврат на тоа се теретат за делото „тероризам“ наши браќа и сестри кои тргнаа да го бранат суверенитетот на Македонија.
Денес во 5 сабајле се случија упади. Во Гази Баба во семејство Пешевски кај Жаклина дојдоа 20 души во 5 сабајле, плачеа нејзините три деца, Стефан- 13 години, Марија- 10 и Матеј- 3 години. Мајка на 3 деца што никого не повредила ќе ја судат за тероризам.
Политичката определба, националната припадност и останатите наши разлики (треба) да се спојат единствено во институциите на системот, кои како неутрални и професионални се задолжени за спроведување на правдата и на демократијата.
Денес ја погребуваме демократијата во Македонија. Оние кои ветуваа дека со доаѓањето на власт ќе донесат демократија во Македонија, денес покажаа дека демократија во Македонија нема, вели пратеничката Невенка Стаменковска пред Кривичниот суд.