Синоќа си легнавме во Македонија, сабајле се разбудивме во Белорусија. Нели се бореа против режим? Е ова е режим. Сега има режим во оваа држава, истакна Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ од пред Основниот суд Скопје 1.
-36 луѓе се уапсени, приведени и обвинети за тероризам. Ова овде се потврдува онаа голема мисла „Не познавам друг народ кој долку страдал од своите сопствени предавници“ или на легендарната реченица од филмот на Манчевски „Пукај бе, братучед“.
Македонија е сериозна, демократска држава, со институции коишто имаат обврска пред граѓаните и Уставот да постапуваат согласно јасни законски процедури, за целосно расчистување на настаните од 27-ми април и соодветна законска одговорност на сите инволвирани.
За тоа, како што рече Груби, дали смее да се апсат пратеници треба да се произнесе претседателот на Собранието и претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оцени дека приведувањето на лицата за насилствата во Собранието на 27 април е политички прогон и побара нивно итно ослободување.
Тој нагласи дека затоа што не можат да направат економски раст и ја зголемуваат акцизата на дизелот за 3,5 денари, а народот ќе плаќа повеќе затоа што Заев и Тевдовски се неспособни да ги водат државните финансии.
Производителите на пиперка во Пелагониско се соочуваат со егзистенцијална криза. Над 1.000 тони пиперка завршија на депониите поради неодговорноста на власта.
Граѓаните треба да бидат спокојни, институциите професионално и независно ја извршуваат својата работа во заштита на законите и интересите на граѓаните.
Оливер Спасовски со неговиот послушник во Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, а по налог на Заев ги оставија нарко-рекетарските банди да дивеат со месеци и не отворија ниту една оперативна обработка.
СДС со законот за покачување на акцизата за нафта, освен што им одзема годишно една плата од 20.000 денари на семејствата, им нанесува сериозен удар и на македонските транспортери.