Повикот за предвремени парламентарни избори останува отворен, истакна во Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Од секогаш познат манир на СДСМ бил многу ветувања а мал учинок. И не само што себе се фалат до бескрај, туку и бесрамно го девалвираат целиот наш труд и резултати досега, истакна Груевски.
– Оставаме над 170 илјади повеќе вработени граѓани од она што го затекнавме, и тоа токму по прашањето кое по сите анкети е најважно за граѓаните на Македонија. Наследивме невработеност од 38 отсто, сега е 23 отсто, посочи Груевски.
Според него, главна причина за надворешната операција била токму нивната политика во однос на името.
Направи многу реформи и крупен исчекор напред во секоја сфера. Се решија многу проблеми, се работеше многу и се добија и многу позитивни резултати.
Првите чекори кои ги најавува идната Влада не се проекти или решенија со кои би се подобрил квалитетот на веќе отпочнатите процеси, туку блокади и укинување.
Сакам да ја предупредам македонската јавност дека повторно очигледно влегуваме во едно сценарио за креирање провокации во ова Собрание.
Граѓаните имаат право на ефективна локална самоуправа која ќе им биде на располагање и ќе реализира проекти во нивна полза.
Седницата за избор на нова влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.
Во 12 часот ќе продолжи втората седница, почната вчера, на која најдоцна до полноќ треба да се избере владата предложена од мандатарот Зоран Заев.