Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, вчера од мандатарот за составување на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, го добил предлогот за состав на владата и програмата за нејзиниот мандат.
Новата реформска Влада ќе биде составена од 15 ресори неколку министерства без ресори, истакна Зоран Заев.
Алијансата за Албанците ќе биде дел од новата влада со две министерски места – за здравство и за локална самоуправа, соопшти доцна вечерва лидерот на Алијансата, Зијадин Села.
Демократската унија за интеграција, вечерва на јавноста и ги презентираше нивните предлози за министри во новата влада. Интерно, партијата соопшти шест имиња, кој од наредната недела би седнале на Министерските столчиња на Илинденска.
Лидерот на БЕСА, Билал Касами на денешната прес конференција соопшти дека БЕСА оди во опозиција и дека нема да биде дел од новата влада.
Решавањето на спорот за името треба да биде високо на агендата на новата македонска влада, порачува посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц.
Веќе половина месец градоначалниците се нефункционални, советите исто така, и очигледно е дека од страна на СДСМ се купува време.
Од СДСМ преку соопштение до медиумите известија дека движењето БЕСА нема да биде дел од новата Влада.
Празни зборови, популизам и куп лицемерие. Овие карактеристики кои беа главно обележје на делувањето на Зоран Заев и СДС изминативе години, беа основата и на неговото обраќање со кое повторно бара поддршка за задржување на лидерското место во партијата.
Оваа поддршка за мене е обврска. Обврска пред вас, членовите и поддржувачите на СДСМ. Но и голема обврска пред граѓаните, кои дадоа доверба на СДСМ да ја предводи новата Влада.