Според официјални информации, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 6 члена во комисијата, СДСМ 5 члена, додека ДУИ и БЕСА ќе бидат застапени со по 1 член.
Од Министерството за финансии ги повикаа од СДСМ да не ги злоупотребуваат аукциите на државни хартии за дневно-политички цели.
Обврските коишто стасуваат за наплата оваа недела изнесуваат 88 милиони евра и Миноски треба во рамките на овој износ да го планира денешното задолжување на домашниот пазар, велат од СДСМ.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, нема да оствари средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, информираат од кабинетот на претседателот.
За Унгарија неприфатливо е други држави да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, истакна Унгарскиот Премиер Виктор Орбан.
Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, утре нема да се сретне со претставниците на граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“.
Ниту едно решение не смее да го поткопа унитарниот карактер на државата и мора да биде во насока на заштита на државните интереси на Република Македонија, вели Иванов во интервју за унгарски весник.
Претседателотна ВМРО - ДПМНЕ во гостувањето во дневникот на Канал 5 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди политички документ за излез од кризата.
Од СДСМ реагираа на двојниот рејтинг кој го има Груевски пред Заев според анкетата на ИПИС.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има речиси двојна предност во однос на довербата кај граѓаните споредено со претседателот на СДСМ Зоран Заев.