Програмата на новата реформска Влада ги гарантира унитарноста на Македонија и владеењето на правото и носи мерки за вистинските проблеми на граѓаните, велат од СДСМ.
Истиот тој Зијадин Села го слушавме од изборен митинг во Гостивар како ветува дека ќе ги брка Македонците од работа, како технолошки вишок со што ќе ослободува места за Албанците од тој крај.
Градот Скопје реагира на невистините и манипулациите изнесени од страна на директорот на ПОЦ и претседател на ОО СДСМ –Центар, Саша Богдановиќ, околу изградбата пристапна улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември.
Саша Богдановиќ, Претседателот на ОО СДСМ - Центар, ги повика надлежните веднаш да престанат со градбата на улицата на кејот покрај Вардар.
Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди намалениот кредитен рејтинг на земјава на ББ- , велат од СДСМ.
За ВМРО-ДПМНЕ главен фокус и понатаму останува економскиот раст и развој на државата и отварање на нови работни места.
Одлуката на Трајко Велјаноски да не свика веднаш координација и продолжување на конститутивната седница е уште една потврда за тоа дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот интерес и ништо друго.
Координативната средба за закажување на продолжението на конститутивната седница на македонското Собрание, ќе се одржат во вторник.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска беше на распит во Основното јавно обвинителство Скопје по отворена истрага за изборни нерегуларности за изборите во 2016 година.
Управниот одбор на ЗЕЛС го разгледуваше прашањето за времетраењето на мандатите на избраните градоначалници и членови на советите на единиците на локалната самоуправа, во услови кога не беа распишани локалните избори