Во текот на вчерашниот ден (14.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 378 возачи
На територијата на Илинден изречени се вкупно 50 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за користење на мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, 31 прекршок што ги чинат возачите на мотоцикли
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
На 13 јули 2021 околу 21.30 часот во СВР Скопје, В.М.(49) од Скопје пријавил дека на подрачје на Центар бил физички нападнат од две лица, при што му одзеле паричник и мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13 јули 2021 во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ц.(56) од Скопје, постапувајќи по пријава од 51-годишен скопјанец, според која во 20.20 часот во стан на подрачјето на Карпош неговата ќерка била вознемирувана и физички нападната од пријавениот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Oсновното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – убиство во обид при вршење на семејно насилство.
СВР Битола поднело кривична пријава против С.М.(37) од Прилеп и правно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.
Денеска (14.07.) во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.