Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2.000 евра против две лица, на возраст од 20 и 48 години, заради непочитување на полицискиот час.
Од 20.00 часот (26.04.2021) до 05.00 часот (27.04.2021) констатирано е дека 41 лице не ја почитувале забраната за движење
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции
На 26.04.2021 во 03.00 часот во Полициската станица Прилеп, З.С.(61) од Прилеп пријавил дека неколку минути претходно едно лице фрлило запалива материја во дворот од неговата куќа, при што биле опожарени дворното место пред влезот од куќата, дел од терасата и од sидот и еден прозорец.
На 25.02.2021, пријавената искористила платежна картичка, која противправно ја присвоила и во два наврати неовластено подигнала парични средства.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.О.(39) и И.Т.(53), двајцата од Скопје, вработени во Биро за метрологија – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Дваесет и еден мигрант се пронајдени при проверка на возило со скопски регистарски ознаки на автопатот А1, делница Градско – наплатна рампа „Отовица“, кое го управувало албански државјанин.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 32-годишен италијански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Сообраќајната полиција што работи во рамки на Секторот за внатрешни работи од Охрид вчера попладнето поднесе прекршочни пријави против 91 учесници во сообраќајот кои управувале моторно возило со брзина поголема од пропишаната.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.