Во текот на изминатото деноноќие (26/27.10.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 747 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајо
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 26.10.2020 во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, насилно било влезено во спортска обложувалница и бил одземен сеф со пари. Се работи на расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М.(46) од гостиварското село Добридол, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.В(46), од струшкото село Поум.
Со последните контроли на возилата кои вршат јавен превоз во гостиварскиот регион откриени се 11 возила за кои сопствениците немале соодветни лиценци. Ним, СВР Тетово ќе им поднесе кривични пријави и се соочуваат со високи парични казни.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка за две лица за кои постои основано сомнение дека ги сториле кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик
На 26.10.2020 полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба го лишија од слобода Е.И. (27) од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво. Тој на 25.10.2020 на ул.Вера Радосавњевиќ, во близина на железничката станица, со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка