Судот постапува врз основа на тежината на кривичното дело по обвинителен акт или обвинителен предлог добиен од Јавното обвинителствот за кривично дело квалифицирано од надлежен обвинител, информираат од Основниот кривичен суд во однос на одредени реакции за пресудата за убиство кои на 14 август 2019 година се случи во скопско Ново Лисиче
Во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 23 прекршоци за неносење лична заштита на лицето
Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија до оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Основното јавно обвинителство Скопје до судот поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против 12 лица за непочитување на полицискиот час.
Oсновното јавно обвинителство од Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои не го почитувале полицискиот час.
Основното јавно обвинителство Струга побара парични казни за три лица поради непочитување на полицискиот час.
Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење лична заштита на подрачјето на СВР Велес казнети се вкупно 99 лица, и тоа, 33 во Велес, 20 во Кавадарци и 46 се во Неготино.
Основното јавно обвинителство Велес до велешкиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.