Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека се сторители на кривично дело „разбојништво“ од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик лани, во Конопница, Кривопаланечко.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице со подружница во Делчево и Т.Н.(37) од Скопје, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на добиточна храна или вода“.
Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Во пет сообраќајќи е причинета материјална штета.
Во текот на 2018 година, пријавениот во повеќе наврати и се заканувал на девојка од село во струшко, дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објавел фотографии од неа со компромитирачка содржина.
На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувале автобус што превезувал работници од една штипска фирма и два автомобила.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против шест лица вработени во кратовската локална самоуправа за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување”, а против поранешниот градоначалник на Кратово М.А.
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три сe леснo повредeни во вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.
Две лица биле повредени со убодни рани во тепачка со нож што се случила синоќа во велешко Горно Оризари. На повредените им е укажана медицинска помош во Општата болница Велес по што се пуштени на домашно лекување, а лицето кое употребило нож е приведено.
Во викендичка во населбата Суви Лаки на планината Огражден, сопственост на М.П.(63) од Струмица, полицијата откри 185 килограми марихуана, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Две патнички возила се опожарени во пожар што ноќеска се случил на улицата „Димо Хаџи -Димов“ бр. 123 во скопската населба Кисела Вода, јавува МИА.