Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани за злоупотреба на службена положба.
Седум лица се полесно повредени во две од вкупно пет сообраќајки кои се случиле вчера во Скопје. Во три била причинета материјална штета.
На 24.10.2018 во 22,35 часот возач во ЈСП пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ кај последна автобуска постојка број 24 имало починато лице кое лежело во тоалетот.
На 24.10.2018 година во Полициската станица Бит Пазар, А.К.(40) од Скопје пријавил дека на 22.10.2018 година околу 19.00 часот кај ресторан на улица „Павле Илиќ“ физички бил нападнат од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.10.2018 година во 15.00 часот во Полициската станица Центар, С.Ј.(34) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10.00 часот во канцеларија на приватна фирма, додека била на работното место, физички била нападната од лицето М.Б.Ј., сопруга на нејзин колега.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М.(34) од Кочани, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодност“ и „оштетување и неовластено навлегување во комјутерскиот систем“.
Пожарот во близина на Градската комунална депонија во Велес во кој беа опожарени сува трева и грмушки е локализиран вечерва во 19 часот, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се уште работат на негово целосно гаснење.
На надвозникот над автопатот Гевгелија – Скопје во правец кон гевгелиското село Прдејци, синоќа во 21,20 часот во товарно моторно возило „ивеко“ се пронајдени 46 мигранти од Пакистан, Иран, Сирија, Ирак и Авганистан.
Во обложувалница на булевар „Никола Карев“ во Скопје синоќа во 21,00 часот маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената при што одзело околу 50.000 денари.
Од финансовата полиција појаснуваат дека во март 2012 година бил склучен грант договор помеѓу Делегацијата на Европската унија во Скопје и градоначалникот на Општина Демир Капија Т. Д. кој се однесувал на имплементација на проект – Центар за едукација и вмрежување во туризмот во вредност од 262.366 евра.