Двајца гостиварци се лишени од слобода откако претходно се обиделе физички да нападнат полицајци кои вршеле контроли во сообраќајот.
Ќ.Е. (56) од тетовското село Сараќино бил погоден со куршум во десната натколеница откако вчера кон него со пиштол пукал неговиот соселанец П.П.(33), информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик, односно за закана кон новинар преку социјална мрежа.
Двегодишно дете било каснато од куче скитник вчера во Кавадарци, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.П.(32) од Скопје, кој е осомничен дека извршил разбојништво во аптека и се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.000 денари.
Двајца пешаци, еден возач на патничко моторно возило и еден патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди, 14 со полесни телесни повреди во вкупно 18 сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во шест од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.
Триесетдневен притвор му определил судија во претходна постапка при основниот суд во Тетово на А.К. (53) од Мала Речица како осомничен дека сторил три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Во попладневните часови екипа на Територијалната против пожарна единица од Берово учествуваше во акција за гаснење на пожар на три локации во пехчевското село Негрево. Според информациите на Зоран Ајтовски, командир на противпожарната единица од Берово, пожарите зафатиле поголема површина нискостеблеста шума.
Триесет и девет годишниот Н.Б. од струшкото село Јабланица вчера околу 14 часот бил физички нападнат од неколку непознати лица.
Тетовецот кој ја лиши од живот својата сопруга е под истрага за три кривични дела: „убиство“, „убиство во обид“ и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали.