Како што наведува МВР, лицето Ш.С. (82) од Скопје, вчера пријавил дека на 4 јануари оваа година, околу 15.30 часот на бул. „АВНОЈ“, бил нападнат од куче скитник, кое го каснало во пределот на десната нога.
Од засега непознати причини автомобилот со кој се превезувало семејството Доневи излетал од патот во близина на Нешвил, во aмериканската држава Тенеси.
Две лица се повредени ноќеска во село Мирковци кога жител на Кучевиште поминал со неговиот џип „Мерцедес“ низ бадниковиот оган и удрил во нив.
Четири девојки се повредени од кои две потешко во сообраќајната несреќа што се случила утринава во 03.50 часот на магистралниот пат Штип-Струмица кога патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки излетало од патот.
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од струмичко село, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „силување“.
Триесет и двегодишна жителка на Урвич загина во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Тетово – Гостивар во близина на клучката за село Камењане.
Тримесечно бебе загина, а пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу селата Србјани и Староец.
Обвинителството по осум месеци истрага утврдило дека трагичната ноќ, на девети мај минатата година, во станот на улицата Елисије Поповски Марко немало никој друг освен лекарката Масин.
Во 9.30 часот во полициската станица Аеродром, Н.С. (42) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 7.40 часот додека се движел по бул. „АВНОЈ“ бил нападнат од куче скитник, при што бил каснат во левата нога.
На тој начин, како што информира МВР, овозможил правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг временски рок.