Мајката на девојчето синоќа во полиција пријавила дека во периодот од 10 до 21 декември додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото.
Приведени се три лица осомничени за вчерашното убиство на момче во Чаир, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
МВР соопшти дека Р.Т. вчера попладне во 15:10 часот додека се движела пеш по улицата „Алексо Демниевски“ во Ѓорче Петров, била нападната и касната за десната потколеница од куче, според неа, од расaта волчјак.
Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Р.А. (20) од с. Елевци, општина Центар Жупа, поради постоење основано сомнение дека уценувал малолетничка со компромитирачки фотографии.
Оружен напад со калашников доцна попладнево се случи во Скопје. 24 годишен Скопјанец бил застрелан на улицата Џон Кенеди и е пренесен во болница во тешка состојба, каде што подлегнал на повредите и починал.
Како што информираат од МВР, утринава во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар.
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај Раде Кончар.
Четири лица биле полесно повредени во две од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири незгоди била причинета материјална штета.
Царинската управа во текот на изминатите три седмици открила повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено задржала облека, обувки, накит, мобилни телефони, кафемати, апарат за алко-тест, цигари, запалки, столарски пили, регистарски таблички и фалсификати.
Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 43 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 22 со телесни повреди и 20 со материјална штета.