На 07.08.2022 во 04:10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.Б.(35) од Струмица затоа што околу 01:00 часот ја нападнал неговата сопруга со остар предмет, при што го повредил и нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 20:21 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче Т.А.(26) од село Долно Соње.
На 06.08.2022 во 15:40 часот во Крива Паланка, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка го лишиле од слобода С.К.(65) од Крива Паланка затоа што физички нападнал вработена во продажен салон во Крива Паланка.
Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите.
На 5.08.2022 во 10.20 часот во СВР Тетово, вработена во Гимназијата „7 Март“ во Тетово пријавила дека при чистење во кругот на училиштето бил пронајден пиштол „Eкол фират магнум“ калибар 9 мм со празна рамка во пиштолот.
На 4 август 2022, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга.
Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.08.2022 година во 01.50 часот, Ж.М.(24) од Охрид пријавил дека тој и неговото куче на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид биле нападнати од куче „Пит Бул“ кое излегло од двор.
На 06.08.2022 во 21:06 часот во Полициската станица Центар, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив околу 18:00 часот бил донесен А.Т.(64) државјанин на БиХ, со пријавен престој с.Средно Коњари, скопско, кој во 18:27 часот починал.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво