САД ги обвинија претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, и Русија за обиди на блокирање на сите напори Дамаск да биде повикан на одговорност за користење на хемиско оружје против цивилното население.
Втора година по ред ќе дојде до одложување на изборите за новата локална власт во Хонг Конг и гласањето најверојатно ќе се премести за септември 2022 година, бидејќи Пекинг планира целосен ремонт на изборниот систем во оваа поранешна британска колонија и глобален финансиски центар
Вообичаените деловни правила кои го штитат профитот на производителите на вакцини ќе треба да прекинат доколку е потребно, со цел сите луѓе во светот да биде имунизиран против коронавирус, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „Фокс њуз“ изјави дека Израел е првата земја во светот што излезе од пандемијата на коронавирусот, благодарение на брзата и ефикасна кампања за имунизација на населението
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го најави рускиот „црн список “, што ќе биде одговор на санкциите на САД и ЕУ кон нејзината земја за случајот Навални
Иранската Револуционерна гарда соопшти денеска дека иранските власти спречиле обид за киднапирање на патнички авион на лет во текот на претходната ноќ, без да наведе детали за инцидентот
Во годишниот извештај на Европската унија за родовата еднаквост се наведува дека жените во ЕУ се повеќе погодени од пандемијата на Ковид-19, бидејќи тие, меѓу другото, се побројни меѓу здравствените работници, а има зголемување и на семејното насилство над жените во овој период
Според податоците на белгиските здравствени власти, 26 отсто од лицата над 85-годишна возраст во земјата, главно во пензионерските домови, ја примиле првата доза на вакцината против Ковид-19
Потпретседателот на Европската Комисија, Валдис Домбровскис разговараше денеска со австралискиот министер за трговија Инкумбент Ден Техан откако Италија блокираше извоз на вакцини на АстраЗенека
Полицијата во Мјанмар денеска повторно отвори оган врз демонстрантите во Мандалеј и уби еден човек, а голем број луѓе повторно се собраа во Јангон, Патејн и други градови во знак на протест против државниот удар со кој армијата на 1 февруари ја презеде власта