Хонгконгшкиот радио водител Ван Јиу-синг, познат како Ди Џеј Гигс денеска е обвинет за бунт врз основа на законот од британската колонијална ера
Кинеската Влада за да се спречи повторно ширење на Ковид-19 препорача да се избегнуваат „неважните патувања“ и воведе нови правила за патување
Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во Мјанмар, трет ден по ред поради соборувањето од власт на премиерката Аунг Сан Су Чи со воен удар пред една недела
Нема докази дека вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 не спречува смрт или сериозни болести, а Јужна Африка само времено ја прекина употребата на вакцината, соопшти денеска британското Министерство за здравство
Британските безбедносни служби испитуваат повеќе од 200 британски научници осомничени дека на Кина и доставувале класифицирани информации за најновите оружја, соопшти „Тајмс“, повикувајќи се на добро информиран извор
Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека „ќе поминат години“ кога економијата на земјата, уништена од коронавирусот, ќе се врати на колосек и го повика Конгресот да одобри пакетот помош од 1,9 илјади милијарди долари предложен од претседателот Џо Бајден
Статистичките податоци покажуваат стагнирање на германското индустриско производство во декември минатата година односно забележан е нулти раст на месечно ниво во однос на ноември кога имаше раст од 1,5 проценти
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се изјасни денеска дека не е виновен по обвиненијата за корупција за време на продолжувањето на судскиот процес, шест недели пред одржувањето на нови избори во земјата
Со отворање на основните училишта, продавниците, трговските центри, моловите, обложувалниците, музеите и археолошките локалитети, црквите, кината и театрите, од утрово започна втората фаза на укинувањето на рестрикциите на Кипар, по карантинот од 10 јануари годинава
Од почетокот на годината Виетнам уништи повеќе од 100.000 парчиња живина во обид да го запре ширењето на птичјиот грип, соопшти владата на оваа азиска земја