Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата
Полициската агенција на Европската унија (Европол) денеска ги предупреди земјите да внимаваат на лажните потврди за тестирање за Ковид-19, бидејќи криминални банди се обидуваат да заработат пари со забраната за патување поради пандемијата
Германската фарамцевтска компанија Баер (Bayer) ќе произведува вакцина против Ковид-19 на компанијата КјурВак (CureVac). Вакцината е во завршна фаза на тестирање, а издавање на дозвола за употреба се очекува во следните неколку месеци
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази длабока загриженост поради насилното задушување на демонстрациите низ цела Русија и апсењата на илјадници приврзаници на опозицискиот лидер Алексеј Навални
Либанската армија денеска соопшти дека уапсила 18 лица, вклучително и Либанци и Сиријци, поради поврзаност со терористичката организација Исламска држава (ИД)
Европската комисија ќе ги продолжи разговорите со АстраЗенека за да добие повеќе дози од нивната вакцина против Ковид-19 отколку што компанијата вети за првиот квартал од годинава, изјави денеска портпарол на ЕК
Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) распореден во Вухан за да го проучи потеклото на Ковид-19, соопшти дека кинеската страна дејствува отворено, обезбедува релевантни податоци и ги исполнува барањата на мисијата на СЗО за време на нивната работа
Кинеската полицијата од септември досега во три града уапсила повеќе од 80 лица вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини, јавија денеска кинеските државни медиуми
Во Русија денеска стапи сила закон што на операторите на социјалните мрежи им наложува да откриваат и блокираат различни содржини, вклучувајќи ги и повиците за демонстрации што немаат дозвола од властите и се сметаат за нелегални, јави Индех.хр
Кремљ денеска го бранеше однесувањето на руските безбедносни сили за време на масовните апсења на демонстрантите што присуствуваа на протестите за поддршка на Алексеј Навални кој е во затвор