Шведскиот премиер Стефан Ловен денеска ја претстави својата Влада, со што е ставен крај на четиримесечната политичка блокада на земјата.
Полицијата во Северна Ирска денеска блокираше улица во еден станбен кварт во градот Лондондери, поради пронајдена „сомнителна направа“.
Русија денеска соопшти дека смета оти е неприфатливо Вашингтон да бара од Москва да го уништи нејзиниот нов систем со крстосувачки ракети.
Британската премиерка Тереза Меј води преговори со претставници на пратениците во Парламентот во Лондон, посветени на измени во нејзиниот „планот Б“ за Брегзит, со цел да обезбеди парламентарна поддршка за предлогот, соопшти денеска портпарол на Даунинг Стрит 10.
Европската унија денеска воведе санкции кон директорот на руската воена разузнавачка служба ГРУ и неговиот заменик, поради „вмешаност во труењето“ на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.
Најстариот човек во Русија – Нана Шаова почина на 128-годишна возраст, во градот Баксан во Република Кабардино-Балкарија.3
Германската федерална служба за воздушен сообраќај во Брауншвајг забрани иранската авиокомпанија „Махан Ер“ (Mahan Air) да сообраќа во Германија.
Папата Франциско ги повика католиците да се молат со него на интернет, претставувајќи ја аликацијата на страницата „Клик ту Преј“ (Кликни за да се помолиш). Станува збор за официјалната интернет-страница на Ватикан, Светска молитвена мрежа (Worldwide Prayer Network), соопшти Ватикан.
Почеток на уште една работна недела. Празничната еуфорија спласнува. Ги добиваме првите овогодишни сметки, а во минус сме поради празничните трошоци. Веќе гледаме дека новогодишните ветувања кон себе се тешко остварливи. Температурата е во минус… Сѐ ова заедно, според стручните лица, го прави денешниот ден најтмурен во годината.
Швајцарската парламентарка Лилиан Мори Паские повторно ја доби повторно довербата на своите колеги во Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое ќе го води уште една година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.