Полска најверојатно ќе се повлече од договорот на Обединетите нации за миграција, изјави полскиот премиер Матеуш Моравијецки.
Подолг и посеопфатен состанок на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, би можел да биде одржан на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, најави денеска советникот на Путин, Јуриј Ушаков.
Русија, Индија и Иран во текот на месецот ќе разговараат за воспоставување на Меѓународен транспортен коридор север-југ, објави иранската телевизија Прес.
Во терористички напад врз автобус се убиени седуммина христијани , кои патувале со автобус кон манастир во Египет
Властите во Техеран денеска соопштија дека Иран не е загрижен поради повторното воведување на американските санкции за нафтениот и финансискиот сектор на земјата.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави повторно враќање на санкциите кон Иран, укинати по потпишувањето на Договорот за иранската нукеларна програма во 2015 година.
Бразил ќе го следи американскиот пример и ќе ја пресели својата Амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, соопшти новоизбраниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.
Американското Министерство за правда соопшти денеска дека поднело тужби против компанија контролирана од кинеската Влада, една тајландска фирма и тројца тајландски државјани поради обид за кражба на индустриски тајни на американскиот произведувач „Микрон Технолоџи“, фирма, која се занимава со истражување и развој на уреди за чување меморија.
Саудискиот принц Мохамед Бин Сaлман изјави дека според него убиениот новинар Џамал Кашоги бил опасен исламист.
Германија ќе го поддржи продолжувањето на санкциите на Европската Унија кон Русија поради поддршка на силите на истокот во Украина, изјави канцеларката Ангела Меркел по разговорите со украинскиот претседател, Петро Порошенко, во Киев.