Стотици возила од марките „Фиат“ и „Масерати“ беа уништени денеска при пожар на пристаниште во градот Савона во северниот дел на Италија.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не верува оти нејзиното постепено повлекување од лидерската позиција, ќе ја ослабне нејзината преговарачка позиција на меѓународната политичка сцена, јави ДПА.
Рибарите од Газа кои работат под израелска блокада, со цел да ја обезбедат егзистенцијата на своите семејства, покрај потешкотиите што ги наложува самата професија, од друга страна, изложени се на куршумите и малтретирањата од страна на израелските сили.
Најмалку 27 шиитски муслимани се убиени во Абуџа, главниот град на Нигерија, од страна на нигериските трупи, соопшти денеска главното шиитско муслиманско движење во Нигерија.
Американските санкции кон Иран ќе имаат „тешки последици” по светскиот поредок, изјави денеска во Истанбул иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, само неколку дена пред стапувањето во сила на новите санкции на САД за извоз на иранска нафта.
Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Мишел Башелет ги повика денеска меѓународните експерти да се вклучат во независната истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Спасувачките екипи денеска ги извлекоа телатата на 21 рудар кои настрадаа во уривањето на рудник во провинцијата Шандонг, на истокот од Кина кое се случи пред повеќе од недела дена.
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж мора да се придржува кон новите правила кои му ги пропиша Амбасадата на Еквадор во Лондон, одлучи еквадорската судијка Карина Мартинез после видеоконференциско сослушување на Асанж.
Кинеската влада повторно ја легализира употребата на делови од телото на некои загрозени видови за медицински цели, вклучувајќи ги и деловите од телата на тигрите и носорозите, објави Си-ен-ен.
Официјална Москва е разочарана од гласањето за рускиот предлог-резолуција за поддршка на Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ), соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.