Во интервју за британскиот телевизиски канал ИТВ, државнaта глава на САД, Доналд Трамп, уште еднаш увери дека е стабилен гениј, пренесува „Ројтерс“. Коментарот на лидерот на Белата куќа доаѓа како одговор на обвинувањата дека бил луд и физички неспособен да владее со САД.
Храмот е откриен во 1982 година, а се простира на површина од околу 50 хектари и е познат по остатоците од големи резбани блокови базалт и по ѕидните релјефи.
Ингвар Кампрад, основач на култната шведска компанија за мебел ИКЕА, починал во неговиот дом во Смаланд на 91 годишна возраст.
Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални денеска е приведен во Москва за време на протестите на неговите приврзаници кои повикуваат на бојкот на претседателските избори во март, јавуваат светските агенции.
- Законот е неоснован. Јас сум строго против неговото донесување. Не можеме да ја смениме историјата. Холокаустот не смее да се негира, изјави премиерот Нетанјаху.
Четири канцеларии на Навални биле цел на рации, а преку 60 лица биле уапсени, јавуваат руските медиуми. Во една од рациите била затворена и телевизиска станица која ја води Навални.
Според анкетите, фаворит е актуелниот претседател Никос Анастасијадис, пред Николас Пападопулос од Демократската партија на десниот центар, кој е син на поранешниот претседател Тасос Пападопулос.
Актуелниот претседател на Чешка, Милош Земан победи на претседателските избори во земјата, објавија медиумите. Резултатите по пребројани 94,95 отсто од гласовите покажуваат дека Земан во вториот круг освоил 52,16 отсто.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мавлут Чавушоглу денеска побара од Соединетите Американски Држави „веднаш“ да се повлечат од градот Манбиџ на северот на Сирија, кој е под контрола на курдските борци, против кои Анкара поведе воена офанзива, јавуваат светските агенции.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска изјави дека САД се противат на изградбата на гасоводот Северен тек 2, кој треба да ги поврзува Русија и Германија, наведувајќи дека гасоводот ќе ја загрози енергетската безбедност на Европа.