Саудиска Арабија одлучи да го отповика својот амбасадор во Берлин поради изјавата на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дека либанскиот премиер Саад Харири е задржан во Ријад против сопствена волја.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „телефонски терористи“ денеска јавиле за поставени 50 бомби долж рутата по која е планирано во Санкт Петербург да помине конвојот возила со рускиот претседател Владимир Путин.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се извини и кажа дека се работи за грешка од страна на надворешна компанија која што била ангажирана за да ги подготви материјалите за вежбата и која изработила мапи и графикони на кои бил Ататурк.
Турција ги повлече своите војници од воената вежба на НАТО во Норвешка. Причината за ова е што името на основачот на модерната турска држава и сегашниот претседател се нашле меѓу „непријателите”, пишува „Хуриет”.
Американскиот Конгрес усвои предлог-закон за одбранбена политика, кој предвидува буџет од 700 милијарди долари. Со тоа е поддржан повикот на претседателот Доналд Трамп за поголема и посилна армија.
Членовите на Комисијата за хартии од вредност соопштија дека инвестицискиот фонд на Џорџ Сорос го намали својот удел во „Епл“ и „Снеп“ во последниот квартал.
Исландското Министерство за социјална работа соопшти дека невработените лица регистрирани во Заводот за вработување ќе добијат „Божикен бонус“ во декември во износ од 530 евра
Турското Министерство за надворешни работи отстрани од должност една четвртина од дипломатите, поради сомнение дека одржувале врски со групата одговорна за минатогодинешниот обид за преврат, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Европскиот магазин „Вокал Јуроп“ на својот твитер налог постави анкета на тема „Кој би можел прв да влезе во ЕУ: Србија, Македонија, Албанија или Косово?“.
Претседателката на каталонскиот парламент Карме Форкадељ ќе се кандидира на изборите на 21 декември и ќе ја предводи листата на партијата за независност „Каталонска републиканска левица“.