Најмалку пет луѓе загинаа, а 15 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во авганистанската провинција Вардак.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нијето планира да им понуди на мигрантите привремени идентификациски документи и можност за вработување, како и образование за нивните деца додека се во јужно Мексико, но под услов да се регистрираат.
Фејсбук вчера отстрани 82 страници, профили и групи поврзани со Иран од својата мрежа и од Инстаграм поради дистрибуирање на дезинформации.
Поранешниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек изјави дека Европска унија мора што побрзо да ги прими преостанатите земји од Балканот, за да бидат решени проблемите на регионот.
Сомнителен пакет испратен е и до демократот Том Стејер, познат по тоа што претходно бараше импичмент за претседателот Доналд Трамп.
Американската армија соопшти дека успешно тестира ракетен одбранбен систем, за кој експертите тврдат дека претставува пресвртница и докажува дека САД ги зајакнува капацитетите за соборување на ракети со среден дострел.
Ирска донесе нов закон за возење во пијана состојба, кој веднаш стапува во сила. Според овој закон, секој кого полицијата ќе го фати дека вози со нелегална количина алкохол во крвта ќе ја изгуби возачката дозвола на самото место.
Израелските сили денеска отворија оган кон Палестинците кои протестираа на границата на Газа, при што четири лица загинаа,, а повредени се најмалку 50, информираат палестински медицински извори.
Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис денескa одобри испраќање војска на границата со Мексико за да се спречи караванот нелегални имигранти кои доаѓаат од Јужна Америка, јавија дел од американските медиуми.
Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон денеска изјави дека САД сакаат да започнат стратешки разговори со Русија за агресивните акции на Кина. Болтон вели дека кинескиот ракетен потенцијал е, исто така, закана и за Русија, иако „срцевината на Русија” е далеку од овие ракети.