Новоизбраниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, вчера изјави дека планира да зема помалку од половина од платата на неговиот претходник, во обид да ги намали владините расходи.
Во пресрет на денешната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека подобрувањето на односите меѓу двете земји зависи од руската стана.
Русија е подготвена да стори се што е во нејзина моќ за да предизвика дестабилизација на регионот на Западниот Балкан, кого ЕУ го запостави во последите 10 години, се оценува во Извештај на британскиот Комитет за надворешни работи.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ги повика Пекинг, Кина, Русија и САД да не почнуваат трговски војни и ги повика трите земји да извршат реформи во Светската трговска организација.
Самитот на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи денеска во финската Претседателска палата. Тоа е зграда од 19 век, со поглед на Балтичко Море, која некогаш била резиденција на руските императори во Финска.
Западен Балкан за Австрија е клучен приоритет во нејзината надворешна и европска политика, како и за нејзиното претседавање со ЕУ, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц. Во исто време тој се заложи за итен прекин на пристапните преговори со Турција.
Во интервјуто за Си-Би-Ес, направено во Шкотска, Трамп рече дека смета оти САД имаат „многу непријатели", меѓу кои и блокот европски држави „кои се меѓу најблиските сојузници на САД".
Претседателот на САД Доналд Трамп отпатува од Велика Британија за Хелсинки, каде што треба да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин. Тој на неговиот налог на Твитер упати твит за медиумите, кои, како што рече се „непријател на народот".
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека Турција ќе ја избрише секоја клетка на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), која е обвинувана дека стои зад обидот за преврат во земјата, извршен на денешен ден пред две години.
Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти голф клубот во Турнбери на западниот брег на Шкотска и се упати кон меѓународниот аеродром Глазгов- Прествик, од каде со претседателскиот авион ќе лета за Хелсинки.