– Оние кои велат дека ќе одговорат агресивно доколку бидат удрени, веројатно никогаш во животот на го почувствувале ударот на османлиската шлаканица, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Најновите „препукувања“ меѓу Москва и Вашингтон во стил на Студената војна, од социјалната мрежа Твитер преминаа на „бојно поле“ во врска со имиња на улиците, пишува американскиот печат.
Обединетите Арапски Емирати, Казахстан, Костарика, Мексико, Португалија и Словенија создадоа „Глобална коалиција за среќа“, беше соопштено на Шестата светска владина средба на врвот во Дубаи.
Француската полиција вчера го испрашувала францускиот министер за буџет, економија и граѓанска управа Жералд Дарманин поради обвиненија дека во 2009 година силувал жена.
Потоа медиумите објавија дека Саакашвили по итна постапка е однесен на аеродромот во Борипољ, Киев, и од таму е депортиран од Украина, бидејќи му истекол рокот за престојување во земјата. Земјата во која е депортиран е Полска.
Во хотелот „Космос“ во Москва изби пожар поради што беа евакуирани 230 лица.
Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој е лидер на украинското Движење на новите сили, денеска е приведен во Киев, соопшти неговата портпаролка Татјана Баграновскаја.
Односите на Турција со САД ќе бидат подобрени или во целост ќе бидат нарушени, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Две лица загинаа, а уште две други се повредени денеска при уривање на хеликоптер од типот Ми-8 во рускиот регион Томск, соопшптија локланите власти.
Авион на руската компанија „Саратов Ерлајнс“, во кој имало 65 патници и шест членови на екипаж, вчера се урна југоисточно од Москва.