Според истражување на Евростат, повеќе од 45 отсто жители во Луксембург се странци. Следат Кипар со 19,5 отсто странци, Летонија со 15,2 отсто, Естонија 14,9, Австрија 12,5, Ирска со 11,8 и Белгија со 11,3 отсто странци.
– Регистрирани се напади врз владини мрежи на дневно ниво, изјави Арне Шенбом, претседател на германската Федерална канцеларија за информатичка безбедност.
Околу 100.000 деца помлади од 15 години се носители на ХИВ вирусот во западна и централна Африка, но не примаат антиретровирусна терапија поради недостиг од тестирања.
Весникот „Паризиен“ напаѓачот го идентификува како Зијед Б, јави дописникот на МИА од Париз.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека очекува Парламентот да го усвои враќањето на смртната казна.
Француските безбедносни сили застрелале и убиле маж на парискиот аеродром „Орли“, откако тој посегнал и му го зел пиштолот на војник.
Руската полиција трага по едно лице кое денеска испратило лажна дојава за поставена експлозивна направа на железничката станица Курск во Москва.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска допатува во прва посета на Кина, каде ќе оствари средба со својот кинески колега Ванг Ји
Поранешниот британски министер за финансии, Џорџ Озборн е именуван за главен уредник на весникот „Лондон ивнинг стандард“.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Вашингтон треба да ја има првата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.